Директорите на М-НАВ ќе мора да реферираат пред Владата за скандалот со испраќањето на новите контролори на обука
Дали ќе има одговорност и разрешувања за скандалот во М-НАВ околу изборот на кандидати за обука за контролори на летање ќе се знае после владината седница во вторник. Премиерот Ковачевски откако излегоа информациите во јавноста ги повикал тројцата директори на македонска навигација да реферираат за случувањата.
-Управниот одбор на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти. Уште во текот на минатата недела ги повикав тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на седница на Влада,
Откако синдикатот на М- НАВ крена глас и посочи дека огасот ќе пропадне бидејќи на позициите контролори на летање се местат блиски до членовите на УО и до ДУИ, вчера одборот одлучи осумте “ничии” деца кои покажале најдобри резултати да одат на обука во Данска. Кога ќе заминат е неизвесно бидејќи рокот беше до минатата недела.
Во меѓувреме според Синдикатот 30-тина вработени во компанијата, меѓу кои и лица на раководни позиции си дале условени оставки и побарале прераспределба поради не почитување на квалитетот и професионалноста во ова многу значајна институција која ги контролира прелетите над македонското небо и во чии раце секој ден се илјадници животи кои го користат авио сообраќајот.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар