Македонија
30. July 2025 - 13:41

До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура, соопшти УХМР.

Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица.

 

МИА