Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе се одржи свечена церемонија на доделување на државната награда „8 Септември“, највисокото признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот.
Добитник на наградата за животно дело за 2025 година е Јошко Миленковски, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план.
Покрај него, признанија за значајни спортски остварувања ќе добијат и Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници кои оставиле силен белег во македонскиот спорт.
Наградите ги доделува Одборот за државната награда „8 Септември“, кој традиционално ја организира оваа манифестација во пресрет на 8 Септември - Денот на независноста.
МИА
Ново на Сител
-
„Росатом“: Русија е подготвена за разговор со САД за нуклеарното гориво во Запорожје
-
Шеснаесет години од бродската несреќа во Охридското Езеро
-
Песков: Странски воени сили не може да бидат гаранција за безбедноста на Украина
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори