Македонија
16. January 2024 - 16:46

Договор за признавање на кантарските белешки со Србија

Македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш.

Денеска беше потпишан Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали т.н. кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија, која е наш петти најголем трговски партнер.

На пример доколку наша компанија извезува во Словенија, а транзитира низ Србија белешката од мерењето што ќе ја добие на излез од Македонија ќе важи до влез во Словенија, што значи дека нема да има мерење ниту на влез ниту на излез од Србија, што реално ќе заштеди време и пари на македонските транспортери и компании, вели директорот Стефан Богоев.

Богоев рече дека ќе покрене ваква иницијатива за признавање на кантарски белешки и со р. Албанија.