Македонија
1. January 2026 - 16:47

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна

Евгенија Камчева трето дете во семејството и првото новороденче во новата 2026 најави плодна и бериќетна година. Точно на полноќ со царски рез на Клиниката за Гинекологија, мајката Емилија  ја доби својата треа рожба. 

- Точно на полноќ кога многу луѓе ја дочекувавме Новата година, на нашата клиника дојде малата Евгенија, женско дете кое е симбол на плодност и кое е трето дете во една фамилија што претставува еден стимулс за многу семејства во нашата држава, бидејќи навистина дом исполнет со многу деца е најтоплиот и највеселиот дом, вели д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директор на ГАК

Покрај Евгенија, на полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир.

- Според нашата традиција дека девојчињата се благосостојба, тоа значи дека оваа година ќе биде плодна а ние како Министерство за здравство ќе инвестираме во инфраструктура и капацитети кои се достоинствени за секое новороденче во нашата земја, вели Азир Алиу, министер за здравство

- Секое ново раѓање е богатство за нашето општество и сила и мотив да продолжиме да создаваме подобри услови за децата и семејствата, вели Фатмир Лимани, министер за социјална политика, млади и демографија

- Треба постојано да се потсетуваме дека додека ние се веселиме 24-7, луѓето позади нас кои ќе ги нема во кадар се заслужни што има добри резултати, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.

Скопскиот градоначалник најави промена на досегашната традиција и годинава, на првиот ден од 2026  подароци има за сите новороденчиња. 

- Ќе се потрудиме како Град Скопје онаа традиционална помош што била во минатотот да ја зголемиме бидејќи ние трерба да инвестираме и помагаме во стимулирање на семејствата да имаат што повеќе деца, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје. 

Дека 2026 ќе биде женска година, бериќетна и исполнета со мир и хармонија покажуваат и податоците од Битола и Штип. Бистра е првото бебе родено во битолската а Петра првото новороденче во птипската болница. 

Покрај министрите здравство и социјална политика, првото новороденче и првородените во Гинекологија чаир ги посети и Рози Мицкоска, сопригата на претседателот на Владата.