„Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7“ – Роналдо официјално се збогува со репрезентацијата на Португалија

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, официјално објави дека се повлекува од репрезентацијата на Португалија, ставајќи крај на една од најдолгите и најуспешните репрезентативни кариери во историјата на фудбалот.
41-годишниот фудбалер денеска ја соопшти одлуката преку емотивна видеопорака на социјалните мрежи, во која им се заблагодари на навивачите, соиграчите, тренерите и на сите што биле дел од неговата репрезентативна кариера.
„До португалскиот народ, дојде денот да го вратам дресот со бројот 7 на нашата репрезентација“, порача Роналдо, нагласувајќи дека за него претставувало огромна чест и одговорност да ги брани боите на својата земја.
Според објавените информации, Роналдо ќе се повлече по ноемвриските репрезентативни натпревари, со што ќе заврши неговата 23-годишна репрезентативна кариера.
Роналдо дебитираше за Португалија во август 2003 година, а досега забележа 234 настапи и постигна 146 голови, со што е рекордер по бројот на настапи и голови во машкиот репрезентативен фудбал.
Најголемиот успех со националниот тим го постигна во 2016 година, кога Португалија ја освои титулата европски шампион. Со репрезентацијата триумфираше и во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.
Неговото повлекување доаѓа по неодамнешните несогласувања со селекторот Жорже Жезус, поради кои го напушти репрезентативниот камп.
Иако се збогува со националниот дрес, Роналдо засега не ја завршува професионалната фудбалска кариера.
Со неговото заминување се затвора значајно поглавје во историјата на португалскиот и светскиот фудбал.
Ново на Сител
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
