Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно отворени за сместување студенти од вториот семестар на учебната 2025/2026 година.
-Ќе треба да се почека до вториот семестар затоа што „Кузман“ се очекува да се заврши некаде во ноември. За жал, реконструкцијата на „Стив“ почна со задоцнување, но ние таа состојба ја затекнавме и моравме да ја решаваме. Откако ја решивме, повторно имаше технички работи, градот, општината, дозволи, маркица..., и откако го решивме тоа, веднаш почнаа со работа. Но, очекувам и „Стив“ до крајот на годината да биде готов па во вториот семестар студентите веќе ќе можат да влезат во домовите, рече Јаневска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде и дека деновиве ќе биде донесена одлука кои студентски домови ќе бидат следни за реконструкција во планот за етапно реновирање на сите студентски домови во државава, со цел тие да станат енергетски ефикасни со подобрена одржливост, што ќе придонесе за почиста животна средина и ќе обезбеди финансиски заштеди.
Проектот се реализира со заем од 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.
Реконструкциите на „Кузман“ и „Стив Наумов“ се прва од предвидените три фази од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови. Во следните две фази ќе се реконструираат уште седум други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.
Ново на Сител
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
-

Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
-

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
