Дополнителен рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 16 ноември

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување - од денеска до 16 ноември 2025.
МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.
- Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот subvencioniran.obrok@mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
