-->
-->
Довел 12-годишно бремено девојче на преглед лажел дека има 20 години
-->

Скандалозна и неверојатна ситуација сведочеле лекарите од Кина, кога 40 годишен маж им донел бремено девојче на преглед.Тврдел дека има 20 години и дека му е сопруга.
Персоналот во болницата веднаш се посомневал дека нешто не е во ред, односно дека девојчето е многу помладо, па повикале полиција. Полицијата, како ни социјалните работници, не успеале точно да утврдат колку точно години има девојчето, бидејќи не поседува ниеден официјален документ. Но претпоставуваат дека има 12 години.

Лекарите потврдиле дека девојчето е во трет месец од бременоста, но не успеале да добијат повеќе информации од неа, бидејќи таа не зборувала мандарински јазик.
-Ја донесов да ја прегледате. Работете си ја својата работа. Престанете да поставувате премногу прашања, им се обратил 40-годипниот маж на лекарите.

Инаку се претпоставува дека девојчето е од јужна Азија, а полицијата се сомнева дека било киднапирано и доведено во Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
