Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва

Нов напад со дронови врз Москва во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август доведе до привремени ограничувања во воздушниот сообраќај во руската престолнина, откако противвоздушната одбрана соборила најмалку 13 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, соопштија руските власти.
Информацијата ја потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација).
Собјанин првично објави дека биле уништени седум дронови, а потоа соопшти дека биле соборени уште шест летала. Итните служби веднаш биле упатени на локациите каде што паднале остатоците од дроновите.
Поради нападот беа воведени привремени ограничувања на московските аеродроми Домодедово и Жуковски, каде што авионите можеле да полетуваат и да слетуваат само со посебно одобрение од надлежните служби. Росавијација подоцна соопшти дека ограничувањата во воздушниот сообраќај се целосно укинати.
Руските власти и претходно известуваа за напади со дронови насочени кон Москва, како што беше за време на нападот на 28 јули кога, според нивните наводи, десетици беспилотни летала се движеле кон руската престолнина.
Киев засега официјално не се огласи во врска со најновите тврдења на руските власти.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
