Државата повторно ги извиси децата со попреченост - Правата ќе ги бараат од европските институции
Заборавени, неразбрани и неприфатени- ова е реалноста која ја живеат лицата со попреченост, велат од коалицијата МОЖЕМЕ. И по една година ветувања од надлежните, овие лица сеуште не ги уживаат правата за достоинствен живот. Поради игнорирањето од државата, во петок ќе поднесат барање до делегацијата на ЕУ во земјава за поддршка на нивните права.
Имаат 4 барања, зголемување на додатокот за лицата со попреченост за 35%, ортопедските помагала да бидат на товар на фондот, создавање на регистар за лицата со попреченост и симување на границата од 26 на 18 години. За држава која претендира да бидат дел од ЕУ, велат не доликува ваков дискриминирачки однос, а стапиле во контакт и со Европската Комисија.
Доколку надлежните не изнајдат парични средства за нивните барања, велат ќе ги радикализираат чекорите и ќе го блокираат процесот на скрининг од страна на ЕУ.
Точно пред една година имаа средба со МТСП и Владата, а нивните барања уште се заглавени во ќор сокак. Една држава вреди онолку колку се грижи за беспомошните, велат од Коалицијата МОЖЕМЕ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
