-->
-->
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-->

Државјани на Египет и Албанија нелегално ја преминале македонско албанската граница, полицијата ги лишила од слобода, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, кај месноста „Крстосница“ во близина на магистралниот пат Струга-Ќафасан, од слобода ги лишиле египетскиот државјанин Д.К.А.С.(42) како и Н.П.(44) од Република Албанија.
-Тие, во различни временски периоди, се затекнати на македонска територија откако претходно, илегално ја преминале македонско-албанската гранична линија и по целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за гранична контрола, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
