Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1

Без победник заврши попладнево дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија (1-1), додека Македонија ЃП извојува рутинска победа на гостински терен над Шкупи (4-0) во двата воведни натпревари од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Шкендија со голот на Ндзенгуе во 14 минута го одржуваше водството до самиот финиш кога Силекс ја искористи предноста од фудбалер повеќе поради исклучување на Тамба во 71 минута и со голот на Мишов во 89 минута дојде до бод.
Шкендија со ремито во Кратово остана на три бода зад лидерот Вардар, кој утре му гостува на Башкими.
Фудбалерите на Македонија ЃП веќе по првото полувреме имаа убедливо водство од 3-0 во дуелот со последно пласираниот Шкупи со головите на Галевски (12) и Николиќ (25, 39), а точка на победата стави Софијановски во 49 минута.
ПМФЛ – 30 коло:
Шкупи – Македонија ЃП 0-4
Силекс – Шкендија 1-1
Башкими – Вардар (сабота)
Работнички – Пелистер (сабота)
Струга – АП Брера (недела)
Тиквеш – Арсими (недела)
Табела: Вардар 71 (-1), Шкендија 68, Струга 62 (-1), Силекс 53, Тиквеш 40 (-1), Башкими 40 (-1), Арсими 38 (-1), АП Брера 33 (-1), Пелистер 32 (-1), Македонија ЃП 30, Работнички 28 (-1), Шкупи 1.
Ново на Сител
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
