Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија

Над пет милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година, соопшти Лидл Северна Македонија, која се уште не е оперативна компанија со маркети во државава.
Извозниот промет бележи пораст од 25 пати во однос на истиот период лани, а заедно со Лидл Северна Македонија, 20 македонски компании реализирале извоз во три земји од регионот – Србија, Бугарија и Хрватска.
– Минатата година Лидл Северна Македонија оствари посериозен извоз на македонски производи во регионот и покрај тоа што не е сеуште оперативна компанија со маркети во државата. Првпат, во Лидл Србија, Бугарија и Хрватска, организиравме неколку тематски недели посветени на традиционалните македонски производи и претставување на автентичноста на македонската кујна. Производите ги задоволуваат сите потребни стандарди за врвен квалитет и особено нè радува што се одлично прифатени од потрошувачите. Ова е доказ за одличната соработка и успешните партнерства кои Лидл ги гради со локалните производители и добавувачи. Со овој позитивен тренд за поддршка на македонските компании ќе продолжиме и оваа година, проширувајќи го извозот и во други земји, вели во пишана изјава Стефан Георгиев, директор за набавки на Лидл Северна Македонија.
Во 2024 година прометот од извоз на овошје и зеленчук од македонско поднебје преку Лидл е над два милиони евра, а најголем е извозот на грозје, зелка, црвена пиперка, домати и сливи. Тие се од домашни производители кои поседуваат Global G.A.P. и GRASP меѓународно признати стандарди за земјоделско производство гарантирајќи дека производите се безбедни и одговорно одгледувани.
На почетокот на минатата година Лидл Северна Македонија започна со изградба на логистички центар во Куманово. Компанијата денес има повеќе од 200 вработени со намера, како што соопштуваат, тој број да расте во иднина.
Ново на Сител
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
-

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
-

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
-

Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
