Бизнис
16. December 2025 - 16:34

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година

Поскапување на струјата од 6%, бара ЕВН хоум. Предлогот за новата цена на електричната енергија стигна до Регулаторната Комисија за енергетика. До крајот на неделата треба да одлучат – дали пресметката им е добра и се прифаќа или пак, процентот на зголемување ќе биде помал. Потоа ќе соопштат која цена ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи по Нова година.   

„Очекуваме во текот на наредната недела ЕВН Хоум да достави пресметки до регулаторната комисија за енергетика со кои пресметки ние ќе треба да провериме дали е имплементиран тарифниот систем и врз основа на тоа ќе донесеме понатака, односно ЕВН Хоум ќе донесе одлука“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ (05.12.2025) 

Во барањето кое го испратија до Регулаторна, аргументот на ЕВН хоум за поскапкувањето е повисоката цена за 5% која му ја продава државната ЕСМ, која од 62 евра за мегават час, скокна на 65 евра. Во пресметките е вклучено и намалувањето за цената за преносот и дистрибуцијата на струјата од нешто над 1%, по одлуката на Регулторна пред 10 тина дена но и маржата што си ја наплаќаат од 9,9 отсто.

Од 1 јануари, покрај поскапа струја, граѓаните плаќаат и поскапо парно. Сметките за зголемување на цената од 6% од декември ќе им стигнат по Нова година. Инаку, околу 60 илјади домаќинства во главниот град се греат на парно.