-->
-->
Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-->

На 29.10.2026 во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17-годишен и 16-годишен малолетник од Тетово. Околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници физички го нападнале М.Ш.(62) од с.Одри, тетовско и му одзеле пари.
62-годишникот успеал да го задржи 17-годишникот, при што тој со остар предмет му нанел повреда. Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и го лишиле од слобода напаѓачот.
Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул.„Вон Вадарска“ во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот.
Тие се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
