-->
-->
Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-->

Две лица загинаа, а петмина се повредени во вчерашниот вооружен инцидент што се случи на фестивал на храната во американскиот град Сиетл.
Пукањето се случило околу 18 часот по локално време, кон крајот на годишниот Фестивал на храна што привлекува стотици продавачи на храна и илјадници гости.
Полицијата го истражува инцидентот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Сè уште нема приведени лица.
Помеѓу петтемина повредени е и едно двегодишно дете, а една жена е во критична состојба.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
