Две недели по изборите партиите не откриваат со кого преговараат за состав на Влада
И по речиси две недели од изборите комбинаториките за тоа кој ќе го формира владиниот кабиент не стивнуваат. За премиерското столче претендираат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но се уште не ги откриваат нивните коалициски договори пред се со албанкиот блок политички партии. Во комбинациите и на двете партии влегуваат ДУИ и Алијанса на Албанците, но и пратеници од спротивниот табор кои би дале поддршка на поширок владин кабинет.
Од Бихаќка децидни дека тие се идната власт.
-Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. СДСМ е подготвена да работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните. Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме, коментираат утринава од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, кои исто така претендираат да формираат влада, велат дека власт на СДСМ не може да биде во корист на граѓаните.
-Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот во државата. Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев во овој мандат не сработи апсолутно ништо. Не успеа да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања. Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ
Од друга страна засега молк од ДУИ за тоа чија поддршка ќе дадат 15-те пратеници на партијата. Условот за премиер Албанец се уште формално постои, но партиски челници испраитја порака дека пред се идната влада мора да се продолжи по европскиот пат и дека тоа ќе биде клучно за ДУИ.
Од Алијанса за Албанците и Алтернатива, пак, вчера за прв пат не ја исклучија можноста да бидат дел од влада во која ќе учествува и ДУИ. Не откриваат дали веќе преговараат со некоја од носечките партии. Оваа коалиција денеска, во знак на револт од изборните резултати кои според нив биле резултат на уцени и полнење на кутии, ќе маршираат од Чаир до ЕУ инфо центарот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
