Две сообраќајки за само 4 часа на влезот во Штип
Едно тешко, три полесно повредени лица и две превртени возила надвор од коловозот е билансот од двете сообраќајни несреќи што утринава се случија во близина на влезот во Штип. При првата, околу 7.40 часот, 42 годишен штипјанец, додека ја косел тревата на експресниот пат Штип-Кочани, бил удрен од возило во движење. Автомобилот марка „сеат леон“ бил управуван од 43 годишен пробиштипјанец, а по ударот возилото се превртело покрај патот.
Двете повредени лица се пренесени со возила на итната медицинска помош во штипска клиничка. Од болницата информираат дека кај работникот се констатирани низа повреди и е во тешка, но стабилна здравствена состојба. Возачот бил примен со полесни повреди.
Утринава 2 часа по несреќата на оваа делница сообраќајот беше во прекин.
Втората сообраќајка се случила 4 часа подоцна, во 11.40 на стариот регионален пат Штип-Велес, кај населбата Три Чешми. Во возилото марка „голф“ се превезувале две жени кои се здобиле со телесни повреди и се хоспитализирани во штипската болница.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар