Македонија
22. July 2022 - 16:42

Џафери им се закани на пратениците - ако ги нема во салата ќе свика седница за распуштање на Собранието

Отакако не можеше да обезбеди мнозинство за да започне Собраниската седница, Талат Џафери се закани дека ќе свика седница за распуштање на Собранието. Од потпишани 85, присуствуваа само 58 пратеници. Во Собранието треба да владее демократија, а не уцени кажа Џафери и ги свика на итен состанок претседателите на политичките партии од мнозинството да се договорат како ќе продолжат со работата на Законодавниот дом.

На состанокот со лидерите на ДУИ и ДПА, како и помалите политички партии од мнозинството договориле Џафери нагласил дека доколку има било какви разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, треба да се решаваат на друго ниво, а не во пленарната сала.

Дополнително, претседателот нагласи и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието.” – се вели во соопштението од Законодавниот дом.

Опоцизијата пак не се откажува од референдум, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сеуште не е доцна да се исправат работите и ги повика властите да го поддржат референдумското изјаснување.

Коалиционерите на Мицкоски, Алијанса за Албанците кажаа дека дале поддршка за францускиот предлог и со тоа нивниот став е јасен по ова прашање.

Од СДСМ пак велат дека опозицијата постојано бара референдуми и на крајот ги бојкотира и ги повикаа да престанат да шират лажни вести дека со францускиот предлог се врши асимилација на македонскиот народ.

Опозицијата најави широки консултации за како ќе гласи референдумското прашање и побара да биде прифатена од Собранието за да започне собирањето на потребните 150.000 потписи.