Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот
Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на Архиепископот Охридски Македонски, г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, но и на сите кои чествуваат им го честиташе Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј - 24 Мај.
Џафери во телеграмата упатена до поглаварот Стефан порача дека е епохално делото на светите браќа Кирил и Методиј кои го создале првото словенско писмо – глаголицата и чие што духовно-просветителско наследство има темелно значење за МПЦ- ОА, како и за современата македонска култура, но и за Европа.
-Тоа што на тогашниот црковнословенски јазик се преведуваат првите богослужбени книги на словенски јазик, го отвора патот за развојот на словенската писменост и со тоа и на македонската писменост, којашто на македонска почва се шири под закрила на Охридската Архиепископија и во Охридската книжевна школа, посочи Џафери.
Но, како што додава, интеркултурниот потфат на светите браќа Кирил и Методиј со право го слави и Европа, бидејки тие успеваат да ја разбијат тријазична догма дека христијанството може да се проповеда само на три јазици и ги издигнуваат словенскиот јазик и култура на рамноправно рамниште со трите други во тоа време во Европа.
Според Џафери, значењето на светите браќа Кирил и Методиј за единството на европските народи, поради што се прогласени за светци од Православната црква и за созаштитници, односно патрони на Европа од Римокатоличката црква е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот, за доброто на сите.
-Во таа насока, значајна е и улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, којашто од пред две години е признаена и како рамноправна во православниот свет. Нека е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!, порача Џафери.
Ново на Сител
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај