Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан

Спортскиот директор на бундеслигашот Баер Леверкузен, Симон Ролфес, обелодени денеска дека нема да има трансфер на играчот од средниот ред Гранит Џака во италијанскиот гигант Милан.
Претходно, Милан јасно стави до знаење дека швајцарскиот репрезентативец е на листа желби за засилување ова лето, што го потврди и спортскиот директор Игли Тара.
Сепак, иако имаше навестувања дека Џака е исто така отворен за преселба во Милано, германскиот клуб ја затвори вратата за трансфер.
„Никогаш немало и никогаш нема да има преговори со Милан за Гранит Џака, ниту пак какви било предлози за трансферна цена“, изјави Ролфес за германските медиуми.
„Гранит е многу важен играч за нас“, додаде Ролфес.
Џака, кој за швајцарската репрезентација досега одигра над 140 натпревари, е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра.
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
