Македонија
18. December 2025 - 12:22

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија

Циркуларната економија станува мост меѓу науката и стопанството. На Универзитетот Гоце Делчев“ во Штип официјално е промовиран Центарот за циркуларна економија, кој со поддршка на државата треба да овозможи поефикасно користење на ресурсите и развој на нови бизнис решенија. Центарот, кој функционира втора година, има за цел да ги поврзе компаниите со академската заедница и да создаде услови за практична примена на научните знаења.

- Во интерес на циркуларната економија и заштитата на животната средина, да ги направиме компаниите во Македонија ги направиме да бидат поконкурентни и да се овозможи нивни раст и развој. Преку инволвирањето на научната фела, подобрување на перформансите на голем број фабрики, односно, фирми од бизнис секторот, изјави Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд.

- Бизнисот внесува иновации и инвестиции, универзитетите, истражувања и таленти, а државата регулатива и поддршка преку политики. Ова соработка е клучна за нашата економија, бидејчи заедно градиме иднина, каде профитот оди рака под рака“ со планетата, изјави Марија Дуковска-Павловска, претседателка на Центарот за циркуларна економија при Стопанска комора на Македонија.

Циркуларната економија не е тренд, туку императив за одржлив развој, повторно користење на ресурси, намалување на отпадот и создавање нови работни места во зелениот“ сектор. Центарот ќе биде значаен и за студентите, кои ќе работат на реални предизвици од индустријата.

- Ние имаме политика на отворна наука, така што студентите, посебно од повисоките години, од втор и трет циклус на студии сега ќе можта да работат со реални проблеми, на реални примери. Ќе можат да го изтражуваат квалитетот на рециклираните материјали, како од аспект на нивните механички и технички својства, така и од бнивното влијание врз животната средина. Наместо да ни завршуваат по реките и на депониите и да горат, тие материјали се целосно употребливи за правење на некои нови производи во постапки кои што се комерцијално исплатливи, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип

За опремување и функционирање на Центарот за циркуларна економија издвоени се околу 53 илјади евра.