Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс повторно го изрази ставот дека САД се обидуваат да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје по новата рунда преговори што се одржа во Женева, објави ДПА.
Претседателот Доналд Трамп „има многу можности и низа инструменти“ за да гарантира дека Исламската Република нема оружје за масовно уништување, рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Иран ги отфрла тврдењата дека тајно се обидува да развие нуклеарно оружје и вели дека има право да користи нуклеарна енергија за мирни цели.
Венс го изрази овој став неколку часа по преговорите меѓу претставниците на Вашингтон и Техеран во Женева. Првата рунда разговори за намалување на тензиите меѓу двете земји се одржа претходно овој месец во главниот град на Оман, Мускат.
Тензијата меѓу САД и Иран ескалира, откако Трамп во јануари објави дека „армада“ од воени бродови патува кон Иран. Американски воени бродови се стационирани во регионот во последните неколку недели.
МИА
Ново на Сител
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
