Џолев стана в.д претседател на Кривичен откако му истече мандатот
Иван Џолев продолжува да раководи со скопскиот Кривичен суд. Судскиот совет го назначи за в.д претседател откако денеска истече неговиот четиригодишен мандат. Џолев со уште двајца судии од Кривичен имал највисоки оценки за својата работа, но членовите на судски, едногласно го прифатија предлогот тој да раководи со судот до избор на нов претседател.
„Од евиденцијата што ја имаме за оценувањето, гледаме дека со највисок број на бодови се оценети тројца судии. Јас предлагам да биде определен судијата, Иван Џолев“, изјави Павлина Црвенковска, Претседател на Судски совет.
Од прес службата на Судски, појаснуваат дека одлуката Џолев да биде определен за вршител на должноста претседател, биле и како што велат, резултатите кои ги покажал во текот на четиригодишниот мандат.
„Судскиот совет процени дека заради континуитет, заради тоа што претседателот претходно покажал резултати, дека е најдобро да се избере судијата Џолев, се до распишување на огласот за избор на претседател на Основен Кривичен суд“, изјави Љубиша Арсиќ, Портпарол на Судски совет.
Во ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека изборот на Џолев за в.д претседател бил политички мотивиран.
„Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска, Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон и со кршење на законот и уставот, досегашниот претседател Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување“, вели Ели Панова, ВМРО-ДПМНЕ.
Од Судски велат дека наскоро ќе биде објавен огласот за избор на претедател на Кривичен, а дотогаш таа функција ќе ја извршува Џолев кој за Сител вели дека ќе размислел дали ќе конкурира за втор мандат.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
