ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието
Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира повеќе системски слабости во работата на Бирото за развој на образованието, кои ги објавува во извештајот за Извршената ревизија на регуларност за 2024.
Според ДЗР, за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години, извршени биле исплати за надоместоци за надворешни соработници врз основа на правилници кои се донесени во претходниот период, чие усвојување е во надлежност на министерот за образование и наука, а конкурсите кои се распишуваат за избор на надворешни соработници содржат критериуми кои овие лица треба да ги исполнуваат, кои се различни од критериумите наведени во интерните акти.
- Исто така, постојат непрецизности во начинот на пресметка на надоместоците на ангажираните надворешни соработници, донесените интерни акти се од општ карактер и не нудат доволно конкретни насоки во врска со начинот и контролата и ангажирањето на стручните надворешни лица и вработените лица во Бирото – констатира Државниот завод за ревизија.
По направената ревизија се констатира дека поради недостаток на финансиски средства не постои можност за реализација на обуките на наставниците во основно и средно образование во законски предвидениот обем, како и дека не се спроведуваат активностите и функцијата внатрешна ревизија.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак