ДЗС бележи пад на инфлацијата
Пад на инфлацијата објави статистиката. Од 8,3 во август, во септември се спушти на 6,6 отсто. Тоа е доказ на добрите мерки, смета власта. Замрзнатитите цени на прехранбените производи, ги намалиле трошоците за живот. Зголемениот данок пак на околу 1,000 продукти нема да ја вивнат следниот месец. Премиерот вели дека станува збор за производи без кои може да се протурка месецот или пак не се здрави за исхраната.
- Има одреден број на производи кои се на повластена стапка од 10%. Тие се производи што се сметаат за луксузни и за неосновни во најголемиот дел од домаќинствата, а дел од нив и не толку здрави за населението, како чипсот за кој секој лекар ќе ви каже дека не е добро да биде дел од секојдневната исхрана, се наоѓаат на листата производи со повластена стапка – рече Ковачевски и додаде дека листата е едно фер и добро решение кое покажува намалување на трошоците за живот.
Премиерот тврди дека на листата ја нема бебешката храна. Сепак, со ДДВ од 10 осто се продаваат сите овошни каши, овесните снегулки, мусли, пудинзи. Ако некој основен производ е на листата со повисок даниок, ќе се ревидира, вели министерот за економија Бектеши. Сите основни прехранбени производи, нема да дозволи да се продаваат со повисок данок.
- Цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена. Нема опција тие да бидат поскапени, вели Крешник Бектеши, министер за економија.
Во петокот стапи на сила законот за повисок ДДВ на луксузните производи. Првичните проекции беа дека со него ќе се соберат дополителни 70 милиони евра во буџетот, но бидејќи содржи и продукти вклучени во секојдневната исхрана, најверојатно се очекува бројките да бидат повисоки.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
