ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Република Австрија ја официјализираа својата заедничка посветеност за справување со природните катастрофи и вонредните предизвици, во областа на заштитата и спасувањето со потпишување Меморандум за соработка, во рамки на вчерашната посета на генералниот директор на австриската јавна безбедност и полиција, д-р Франц Руф (Franz Ruf) на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ).
Конкретно, Меморандумот беше свечено потпишан од страна на заменик директорот на ДЗС, м-р Кашмир Салиу и генералниот директор на австриската јавна безбедност и полиција.
Toa e чекор напред кон посилни институции и побезбедна иднина при што за Македонија тоа значи:
• Размена на искуства - споделување на експертски знаења и најдобри практики во областа на превенцијата при заштитата и спасувањето на граѓаните, животните и материјалните добра;
• Заеднички обуки и вежби - унапредување на оперативните капацитети за дејствување на терен и секако,
• Побрз одговор при кризи - цврста рамка за координирана и ефикасна реакција во најтешките моменти за заштита и спасување на населението.
Австрија е наш докажан и несебичен партнер, што го потврди и со огромната поддршка при справувањето со големите пожари во Малешевскиот регион и при трагичниот пожар во Кочани. Оваа соработка продолжува да се развива со цел градење силни капацитети кои значат сигурност за граѓаните на двете земји. Овој Меморандум ќе биде основа за конкретни и долгорочни резултати, во интерес на безбедноста и благосостојбата на двете земји.
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
