ДЗС на терен во поплавените региони, се расчистуваат куќи и дворови

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска, согласно потребите и можностите во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) ангажирани за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид, а и други општини што преку 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавите и барања помош, а секако и од директни пријави од општините.
„Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во Општина Сарај, во поплавените села Буковиќ и Семениште, каде што имаше над 30 поплавени куќи и дворови), покрај тимовите на ДЗС, интервенираа екипи на Општина Сарај, на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Активностите беа насочени кон расчистување на зафатените подрачја и одводнување на поплавените површини, со цел постепена нормализација на состојбата.
Во Општина Липково, во кумановскиот регион, реката Слупчанка беше излегла од своето корито во село Опае, при што беше зафатен дел од населеното место. Излевање беше регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде што беа поплавени земјоделски површини. Засега нема пријавени материјални штети од жителите, освен штети на обработливо земјиште.
Инаку, во Кратовско и во Кривопаланечко не беа пријавени поплави.
Во тетовскиот регион, интензивните врнежи довеле до зголемен водостој и имаше проблеми со одводните канали. Беа пријавени свлечишта на патните правци Тетово – Џепчиште при што патен правец е затворен за сообраќај, а кон селото Једуарце, патот е расчистен и повторно прооден. На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвиваше отежнато, а од вчера беше воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси. Засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци. Снабдувањето со струја и вода е стабилно.
Во гостиварскиот регион беа пријавени поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти, конкретно во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во село Беловиште се интервенирало по пријава за заглавени лица во поплавен објект, коишто безбедно се извлечени. Во село Форино е регистрирано излевање на реката Вардар, при што се зафатени земјоделски површини и постои ризик за објектите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Била ангажирана механизација за расчистување на речното корито.
Според информациите од ЦУК за охридско-кичевскиот регион, во Охрид состојбата била стабилна и немало пријави за излевање или поплави. Во Кичево, по излевањето на Зајашка Река, се поплавени повеќе куќи и дворови (над 200 лица се евекуирани), а попладнето се пријавени дополнително околу 30 зафатени семејни домови. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, а и на деца од поплавените објекти. На пример, локалната професионална ТППЕ – Територијална противпожарна единица Кичево во претходната поплава и во оваа од утрово, изврши преку 250 евакуации на загрозени лица, истовремено вршејќи испумпување на надојдена вода од витални објекти и институции, а се расчистуваше и автопатот кај Колари за поголема безбедност во сообраќајот. Акцијата на сите ангажирани субјекти од системот за заштита и спасување продолжи сношти и во текот на ноќта, а лицата коишто немаа услови за престој во нивните поплавени домови се сместени најмногу во спортската сала во Кичево, при што директорот на ДЗС Ангелов директно ја следеше и координираше ситуацијата за заштита и спасување и директно преку заменик директорот Кашмир Салиу којшто сношти остана на терен во кичевско. Од подрачните одделение за заштита и спасување на ДЗС од Охрид и од Кичево се издадени полски кревети за евакуираните, а и пумпи за испумпување вода“, стои во соопштението од ДЗС.
ДЗС и денеска планира да дејствува на терен таму од каде што ќе биде побарана помош и континуирано ги следи состојбите во координација со ЦУК и со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) во доменот на заштитата и спасувањето од поплави.
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
