-->
-->
ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-->

Пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од атар на село Мегленци во општина Новаци безбедно отстранил две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm од Прва светска војна, од предел што бил зафатен од мариовскиот пожар пред неколку денови, информира денеска ДЗС.
- Неексплодираните убојни средства (НУС), гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите кои се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар - се вели во информацијата од ДЗС.
Гранатите биле откриени од припадници на Територијалната противпожарна единица Битола.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
