ДЗС: Отстранети шecт aртилeриски гранати од Првата cвeтскa војнa во Гевгелискo

По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата каде се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати со калибар од 75 милиметри.
Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип.
- Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени согласно пропишаните безбедносни процедури, соопшти ДЗС.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните и работниците ангажирани на терен.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
