Македонија
24. December 2021 - 16:33

Еден месец по трагедијата нема одговор за причините поради кои изгореа 45 патници во Бугарија

По точно еден месец од трагедијата во која загинаа 45 македонски државјани, обновена е патната сигнализација на автопатот „Струма“ во Бугарија. Причините за несреќата, се уште остануваат непознати. Бугарските истражни власти иако најавија дека истрагата ќе заврши до крајот на оваа недела, засега нема детали како автобусот на „Беса Транс“ удрил во банкината, а потоа и се запалил.

Детали од истрагата за работата на туристичката агенција не открива ниту македонското јавно обвинителството. Адвокатот Асмир Алиспахиќ кој е бранител на сопственикот на „Беса Транс“ за предметот кој се води во земјава, во телефонски разговор за Сител, рече дека заради почит кон жртвите, но и тајност на истрагата, нема да открива во која фаза е постапката.

Првичните анализи по несреќата, според истражните органи покажале дека автобусот најверојатно се движел со поголема брзина која не била соодветна на видливоста и лизгавиот коловоз поради врнежите од дожд. Возилото пак било репирарано во Турција и немало податоци какви материјали биле вградени.

Несреќата се случи на 23 минатиот месец рано натуро, кога автобусот на враќање од турција првин удрил во метална ограда на место наменето за застанување, а потоа и во банкините на средишниот дел од автопатот.