Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин

Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток.
Полицијата соопшти дека дел од повредените се во животна опасност. Пожарникари и екипи на итната медицинска помош пристигнаа на местото на инцидентот за да им укажат помош на повредените.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, полицијата ги повика сите учесници веднаш да го напуштат местото на одржување на настанот. Според соопштението, инцидентот се случил во паркот „Тиргартен“, во близина на трасата на парадата, и удрило во неколку лица.
Парадата се одржуваше во центарот на градот пред Бранденбуршката порта, а беше прекината во 22:15 часот, со повик до учесниците да се разотидат и да ја избегнуваат трасата низ паркот „Тиргартен“.
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, побара што поскоро да се разјаснат околностите околу инцидентот, како и да се озбезбеди дека ќе следуваат санкции.
Градоначалникот на Берлин, Кај Вегнер, го оцени инцидентот на Парадата на гордоста во германската престолнина како напад врз слободното германско општество.
„Берлин е град на слободата – а нашата слобода денеска беше нападната на најужасен начин“, напиша Вегнер на социјалната мрежа „Икс“.
МИА
Ново на Сител
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
