Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
Едно лице загина во земјотресот што вчера ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, вели министерот за внатрешни работи Али Јерликај, пишува Ројтерс. Станува збор за 81-годишен маж што од екипите за итни случаи бил спасен од урнатините, но потоа починал.
Во земјотресот повредени се 29 лица чија состојба не е сериозна и нема опасност по нивните животи - вели Јерликаја.
Од земјотресот, според информациите што ги пренесува Јерликаја, во областа се урнале 16 згради.
Земјотресот со јачина од 6,1 степен, за кој турскиот орган за управување со катастрофи АФАД (AFAD) соопшти дека се случил околу 19:53 часот, бил почувствуван во повеќе провинции, вклучувајќи го и најголемиот град во земјата, Истанбул.
Јерликаја вели дека операциите за пребарување и спасување сега се завршени и дека нема други знаци за сериозна штета или жртви. За денеска е закажан увид на штетите на зградите.
Од соседните области е испратено засилување, а надлежните ги предупредуваат граѓаните да не влегуваат во оштетените згради.
АФАД соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.
Земјотресот бил проследен со три последователни потреси со магнитуда од 4,6, 4,1 и 4,0 и околу 15 со магнитуда над 3 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите