Македонија
7. August 2025 - 12:14

Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното

Заврши жетвата на пченицата во Овче Поле. Годинашната реколта е под очекуваното поради долгиот сушен период и екстремно топлото време.

-Приносот е добар, но не е како што очекувавме по 5 до 6 тони од хектар, туку ќе испадне просекот 3 до 3 и пол тони во штипско, светиниколско и пробиштипско, изјави Гоце Серафимовски, претседател на Асоцијација на земјоделци.

Последните врнежи од дожд ја омекнаа почвата и сега веѓе стартуваат подготовките за наредната сеидба, но уште по важно е да се заштитат нивите од евентуални пожари на отворено. Палењето на стрништата е строго забрането, меѓутоа одредени несовесни земјоделци не се придржуваат кон забраната.

-Со самото орање, дури и ако е плитко стрништата се покријат и нема опасност да настанат пожари. Не се практикува, забрането е палењето, но некои мислат дека со тоа ќе се спречат некои болести на пчаницата и доколку го запалат ќе се уништат, но тоа е строго забрането, додаде Серафимовски.

Годинава за прв пат ќе се откупува пченица за стоковите резерви. Планиран е откуп на 9000 тони по цена од 13 денари за килограм.