Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк
Нa интернет сѐ попопуларна е диетата со напиток којшто освен што може да помогне при губење тежина, т.е. го продолжува чувството на ситост и спречува претерана консумација, т.е. грицкање, а треба да се пие непосредно пред оброк, пренесува порталот „Кликс“. Се состои од чаша вода и лажица чија семе. Може да се додаде и парче лимон за вкус и дополнителни здравствени придобивки.
– Чија семето може да го спречи гладот бидејќи му треба подолго време за варење во организмот. Тоа може да помогне во намалување на гладот и спречување на прејадувањето, вели диететичарката и нутриционистка д-р Тара Колингвуд.
Препораката гласи: Пиење чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброкот.
Чија семето се користело во исхраната уште од времето на Ацтеките, а се верува дека тоа било храна на воините. Лажица чија додадена во вода спречува прејадување, го подобрува варењето и здравјето на цревата и го потиснува гладот. Поради влакната, тоа помага за подолго чувство на ситост, коешто го намалува внесот на храна.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
