Египет, Грција и Кипар ќе одржат самит во Каиро за зајакнување на партнерството во услови на регионални предизвици

Каиро ќе биде домаќин на клучен трилатерален самит на почетокот на јануари кој ќе одбележи десет години соработка меѓу Египет, Грција и Кипар, oбјави „Ал Ахрам“.
На средбата ќе се истакне трајната посветеност на медитеранските земји за регионална стабилност и партнерство.
На форумот треба да учествуваат египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидис.
Теми на разговорите ќе бидат иницијативите во областа на енергетиката и регионалната безбедност, како и можностите за унапредување на економските врски.
Една од клучните иницијативи е проектот ГРЕГИ (GREGY) за поврзување на електричните мрежи на Египет и Грција, кој има за цел да ја подобри интеграцијата помеѓу енергетските мрежи на Северна Африка и Европа.
ГРЕГИ е еден од петте предложени интерконектори меѓу северноафриканската земја и Европа.
Врската меѓу Вади ал-Натрун во Египет и континентална Грција со подводен кабел преку Средоземното Море ќе биде долга речиси 1,500 километри.
Нејзиниот капацитет од три гигавати се планира да се користи за пренос на „зелена“ енергија произведена во Арапската Република.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
