Египет ќе користи вештачка интелигенција за борба против дезинформации

Египетската Влада претстави платформа базирана на вештачка интелигенција за проверка на точноста на вестите и за идентификување „лажни или погрешни“ информации поврзани со државата, општеството и националната економија, објави весникот „Нешенал“.
Премиерот Мостафа Мадбули ја соопшти иницијативата на состанок со членови на кабинетот, медиумски регулатори и високи претставници на администрацијата.
Платформата ќе врши брза анализа на содржината на вести и фотографии. Технологијата е дел од пошироката стратегија за спротивставување на „гласини“ и „лажни вести“ што се шират на социјалните мрежи и во медиумите, рече премиерот. Тој истакна дека Владата ја поздравува конструктивната критика, но ќе дејствува решително против ширење невистинити информации што може да ја поткопаат јавната доверба или економската стабилност.
Иако законодавството во Египет веќе предвидува санкции за ширење лажни вести, на состанокот биле разгледани предлози за воведување построги казни за повторени или намерни прекршувања.
Весникот „Нешенал“ додава дека и други земји испитуваат модели со вештачка интелигенција за справување со онлајн-дезинформации, што отвора дебата за тоа како овие системи прават разлика меѓу точни и неточни информации и како влијаат врз слободата на говор.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
