Екипи на народниот правобранител бараат готови документи на граѓаните низ кутиите на МВР
Екипа од кај народниот правобранител оди во управните служби на МВР и им ги бара готовите документи на граѓаните кои поднеле претставка дека им е итно да ги добијат документите. Кога системот ќе потфрли, обудсманот ќе спасуваат. Оваа пракса ја воспоставиле со МВР и секој петок неколку луѓе од кај народниот правобранител одат и пребаруваат низ илјадниците документи.
Но проблемите не завршуваат во кутиите со готови лични документи.
Над 100.000 државјани на Македонија, кои наполниле 18 години немаат лични карти, а имаат стари пасоши, со што им се крати правото на гласање на изборите, според податоците на министерот Тошковски.
Народниот правобранител алармира Владата за овие граѓани да излезе во пресрет и што побрзо да извадат документи, за да има фер изборен процес.
Препораките на омбудсманот се и МВР да го почитува законот и на граѓаните кои навршиле 65 години да имаат трајни лични карти и да не треба после 10 години да вадат повторно нови, како што е пракса во моментов.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар