Екологистите бараат редовна проверка на водата во Дојранското езеро
Наместо пред и во текот на сезоната, анализи за квалитетот на водата во Дојранското езеро да се прават во текот на целата година.
Тие да бидат посеопфатни, а не само во делот на безбедноста за капење, зголемување на бројот на локациите од кои се земаат примероци и воведување механизам за контрола дали крајбрежните објекти прописно ги испуштаат отпадните води.
Ова се само дел од препораките донесени на трибината ,,Состојби и предизвици со Дојранското езеро,, . Испитувањата на Центарот за Јавно здравје Велес покажале дека годинава водата била безбедна за капење, но имало и отстапки на одредени физичко хемиски параметри.
Експертите сметаат дека сликата за вистинската состојба со Дојранското езеро може да се добие преку реализација на еден сеопфатен проект за кој е неопходна поголема поддршка од државата.
Како еден од главните загадувачи на езерото се посочува дотраениот колекторски систем и филтер станицата.
Првиот човек на Дојран вели дека ова е децениски проблем на чие решавање интензивно се работи. Од март следната година се очекуваат и конкретни градежни активности.
Од општина Дојран најавуваат дека јавните трибини ќе продолжат и ќе бидат бидат редовна пракса со цел да се даде можност што поголем број граѓани но и експерти да се вклучат со свои забелешки и предлози во заштитата на езерото и неговиот растителен и животински свет.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар