Македонија
13. May 2024 - 16:34

Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите

Доаѓа нова власт а со тоа и промените на веб страниците за транспарентност и отчетност на институциите. Традиционално во Македонија, секоја влада и нов претседател ги менува не само по боја, туку и по содржина веб страниците. На овој начин се губат сите информации, донесени одлуки, завршени јавни повици и информации. Експертите сметаат дека дисконтинуитетот во информирањето е проблем кој оди директно на штета на граѓаните.

Колку и да сме назад во дигитална сфера, тоа не смее да биде изговорот на институциите. Професорот Џигал вели тоа се прави многу едноставно преку протокол или некоја рамка со која ќе се пренесат сите дигитални ресури на тимот кој наследува власт.

Одлични примери од кои може да се земе искуство за транспарентност и континуирано информирање на државните институции се балтичките и скандинавските држави каде со децении функционира овој систем на примопредавање на дигиталните алатки за јавно информирање.