Експертите предупредуваат дека постои опасност во следните децении да станеме увознo зависна земја
И покрај тоа што важиме за аграрна држава, се поголем е бројот на земјоделски површини кои остануваат необработени, а производството на храна се намалува.
Експертите предупредуваат дека постои опасност во следните децении наместо извозна да станеме увознo зависна земја.
Главниот проблем според нив е во иселувањето на младите од државата, но и се поголемата миграција од село во град. Како причина плус за ваквиот негативен тренд биле и нестабилните цени и несигурниот пласман на производството, но и немањето на соодветна стратегија која ќе ги мотивира младите земјоделци да останат во овој сектор.
Дека бројот на млади земјоделци се намалува потврдуваат и слите од терен каде се почесто може да се сретнат претежно возрасни лица.
Според експертите, дополнителен проблем кој може во иднина сериозно да се одрази врз производството на храна е пренамената на обработливото земјиште во градежно. Тие сметаат дека тоа мора да запре, а градба да се дозволи единствено на површините над шеста категорија.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар