-->
-->
Експлозија пред Масонската ложа во Атина
-->
Мал импровизиран механизам експлодираше рано утрово во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина
На малата експлозија и претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи, меѓутоа без да биде даден конкретен временски рок за експлозијата, по што веднаш полицијата го затворила просторот, а кусо подоцна експлодирал импровизираниот механизам.
Експлозијата била со мала јачина и предизвикана е мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот.
Полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронашле и сомнителна кутија, по што била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира евентуалната втора бомба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
