Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.
Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на 98,9 евра за мегават час при што производната цена во РЕК Битола која лани беше 128 евра за мегават час сега е 96 евра.
-Успеавме за 7 отсто да ја намалиме производната цена без користење на хидропотенцијалите чија производна цена се движи од 22 до 27 евра за мегават час. Не бевме во можност да ги користиме бидејќи претходното раководство на ЕСМ лани масовно го користеше хидропроизводството и на 1 септември 2024 година кога ја презедовме компанијата хидропотенцијалот беше само 9 отсто иако е вообичаено на 1 октомври пред почетокот на грејната сезона да биде 50 отсто. На 1 јануари годинава влеговме со хидропотенцијал од 6 отсто, а сега е 48 отсто. Цел ни е на 1 октомври да биде минимум 50 отсто или околу 300 гигават часови, рече Узунчев.
Потврди дека реализацијата на планот за производство на АД ЕСМ во првиот квартал изнесувала 35 отсто, во вториот квартал е во рамки на планираното, а во третиот и четвртиот најави натфрлување на планот со цел годинава да ја завршат со профит, па макар и од еден евро цент.
АД ЕСМ 2024 година ја заврши со загуба од 123 милиони евра, а во 2023 година имаше профит од 3 милиони евра што според Узунчев се должел на субвенциите што и ги префрлила Владата на компанијата.
АД ЕСМ во моментов на универзалниот снабдувач му продава електрична енергија по цена од 62 евра за мегават час и затоа не добива субвенции од Владата.
Дека нема да побараат зголемување на цената на електричната енергија во свој дел на брифингот потврдија и директорите на МЕПСО Бурим Љатифи и на МЕМО Зоран Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија