„Епл“ ја загуби битката пред судот на ЕУ за 13 милијарди евра даноци во Ирска

Врховниот европски суд во вторникот пресуди против „Епл“ во 10-годишната судска битка на технолошкиот гигант за неговите даночни работи во Ирска.
Изјавата на Европскиот суд на правдата доаѓа неколку часа откако „Епл“ претстави голем број нови производи, со цел да ги ревитализира своите линии на ајфон, епл воч и ерпод.
Во 2014 година, Европската комисија, извршната рака на Европската унија, отвори истрага за даночните плаќања на „Епл“ во Ирска, седиштето на технолошкиот гигант во ЕУ.
Во 2016 година, комисијата му нареди на Даблин да врати до 13 милијарди евра (14,4 милијарди долари) заостанати даноци од „Епл“, велејќи дека во тоа време технолошката компанија добила „незаконски“ даночни олеснувања од Ирска во текот на две децении.
„Епл“ и Ирска поднесоа жалба на одлуката на Комисијата во 2019 година, а во 2020 година Општиот суд на ЕУ застана на страната на американскиот технолошки гигант. Вториот највисок суд на ЕУ ја поништи одлуката на Комисијата од 2016 година и рече дека извршната власт не успеала да докаже дека ирската влада му дала на „Епл“ даночна предност.
Ново на Сител
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
