Loading Video...
Свет
15. April 2026 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Повеќе од 10.000 американски морнари, војници и пилоти, со десетина воени бродови и десетици авиони, извршуваат мисија за блокирање на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа во Заливот, објави Централната команда на американската армија на социјалната мрежа Икс.

„Во првите 24 часа, ниту еден брод не ја прекршил блокадата на САД, а шест трговски бродови ги исполниле упатствата на американските сили со враќање назад во иранското пристаниште во Оманскиот Залив.
Најмалку два брода од Иран вчера поминаа и покрај блокадата, наведува компанијата за поморски податоци Kpler.

„Блокадата се применува непристрасно против бродови од сите нации, што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив“, додаде американската војска.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на продолжување на сериозните преговори за завршување на војната на Блискиот Исток и ги повика Израел и Либан да „работат заедно“.

Нема воено решение за оваа криза. Мировните договори бараат постојан ангажман и политичка волја. Сериозните преговори мора да продолжат. Прекинот на огнот мора да се зачува - и да се продолжи по потреба. А меѓународните права и слободи за навигација - вклучително и во Ормутскиот теснец - мора да бидат почитувани од сите страни. Време е за воздржаност и одговорност. Време е за дипломатија наместо ескалација. Време е за обновена посветеност на меѓународното право. Ви благодарам.“

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ги повика Израел и Либан да ја искористат „историската можност за траен мир“ во Либан, објавија француските медиуми.

Израел и Либан изнесоа различни очекувања за мировен договор за време на разговорите во Вашингтон, при што Израел инсистираше на разоружување на Хезболах, а Либан повика на прекин на огнот и конкретни мерки за ублажување на тешката хуманитарна криза што произлезе од војната меѓу САД и Израел со Иран. Сите страни се согласија формално да започнат директни преговори во време и место што ќе бидат меѓусебно договорени од Израел и Либан, се наведува во соопштението. 

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан во телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон истакна дека Техеран е подготвен да ги продолжи мировните преговори. Иран ја преферира дипломатијата за решавање на споровите.  

„Сега има проблем во Персискиот Залив и светот е фрлен во превирања. Ова имаше влијание низ целиот свет, луѓето се незадоволни и го кренаа својот глас. Но, ние самите сме во средината на овој превирања и и покрај сите овие притисоци, нашата работа напредува правилно.“