„Епл“: Се соочуваме со тешкотии при испораките на Ајфон поради новиот коронавирус

Технолошкиот гигант на „Епл“ предупредува дека се соочува со „тешкотии во испораките на Ајфон“ поради затворањето на голем број фабрики во Кина како дел од карантинот против „Ковид-19“, објави „Гардијан“.
Компанијата со седиште во Калифорнија ги предупреди своите акционери и инвеститори дека нема да можат да генерираат очекувани приходи од 63 до 67 милијарди долари овој квартал.
Причината е „привремени ограничувања со снабдување“ за делови за Ајфон, како и остар пад на купувачите во Кина, каде десетици милиони не можат да одат во продавници.
„Епл“ издаде само предупредување без да ги ревидира очекуваните приходи од новата ситуација.
Според компанијата, „животот се враќа во нормалниот ритам во Кина, но тој е побавен отколку што очекува“.
Затоа „Епл“ објави невообичаено широк распон на проценети од приходи од 63 до 67 милијарди, бидејќи не е познато колку ќе трае кризата во Кина.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
