Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот

Неколку лица се повредени во необична сообраќајна несреќа што денеска се случи во главниот град на Естонија, Талин, пренесе ДПА.
На една раскрсница во Талин дојде до судир меѓу градски автобус и автономен робот за достава, јави естонското радио.
Малото возило за достава наводно не застанало на црвено светло во понеделникот и влегло во раскрсницата, според исказите прибрани од Градскиот транспорт на Талин (ТЛТ), кој објави и видео од судирот на социјалните мрежи.
За да избегне судир, возачот на автобусот нагло закочил, при што неколку патници кои стоеле во автобусот паднале. Повредени се девет лица, соопшти транспортното претпријатие.
Роботот за достава, пак, бил отфрлен преку патот – а потоа го напуштил местото на несреќата.
-Роботот побегна, ако може така да се каже. Едноставно замина по судирот – изјави членот на одборот на ТЛТ, Андреј Новиков, за eстонското радио.
Пепе Авиксо од производителот на роботи за достава „Старшип технолоџис“ изјави дека компанијата контактирала со полицијата и покренала интерна истрага за утврдување на точните околности.
-Исклучително е жално што се случи ваква несреќа – рече Авиксо, додавајќи дека безбедноста е врвен приоритет на компанијата.
Роботите на „Старшип“ можат да пренесуваат товар до 15 килограми на растојание од 5 километри. Во Естонија, тие работат целосно автономно на тротоарите за да доставуваат намирници, оброци или пакети. Возилото користи повеќе камери за следење на својата околина.
Последниот пријавен судир меѓу робот за достава и автобус се случи во април 2020 година.
МИА
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
