ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува

Публиката ќе може да вее палестински знамиња за време на натпреварувањето „Песна на Евровизија“, откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги ревидираше своите прописи за дозволени знамиња на настанот.
Ревидираните правила, како што пренесува Данската национална телевизија, им дозволуваат на гледачите да веат какво било „законски дозволено“ знаме за време на „Евросонгот“ којшто годинава ќе се одржи во Швајцарија. Во истовреме, изведувачите се соочуваат со построги прописи, бидејќи ЕБУ се бори да ја одржи политичката неутралност, при што на пејачите сега им е забрането да прикажуваат какво било знаме, освен нивното национално знаме, при настапите или на официјалните настани.
Забрана се однесува на ЛГБТК-знамињата на гордоста, палестинското знаме, неофицијални знамиња, но и симболите на ЕУ. Забраната за носење знаме за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан-зоната, зелената соба и во официјалните области каде што натпреварувачите чекаат резултати, според ЕБУ.
Поборниците за права на ЛГБТК ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека знамињата со виножито претставуваат личен идентитет, а не политичка изјава.
Новите прописи ќе им овозможат на луѓето во публиката да прикажуваат какво било знаме на финалето на „Евровизија“ на 17 мај (сабота) – сè додека е во согласност со законските ограничувања. Знамињата што поттикнуваат омраза или насилство, навредливи или клеветнички натписи и симболите на забранетите терористички групи – остануваат забранети.
Одлуката доаѓа во време кога „Евровизија“ се соочува со постојани напади поради нејзиниот аполитичен став. Мнозина бараат Израел да биде исклучен од натпреварот поради војната во Газа.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
