ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта

ЕУ од денеска почнува со примена на новиот автоматски и динамичен механизам за приспособување на цената на руската нафта, соопшти Европската комисија.
– Новото ограничување на цената на руската нафта е 44,10 долари за барел со важност од 1 февруари. Почнувајќи од 15 јануари, старите договори склучени според претходната ограничена цена може да се применуваат 90 дена – се наведува соопштението.
Комисијата посочува дека во согласност со 18-тиот пакет-санкции кон Русија максималната цена на руската нафтата е намалена од 60 на 47,60 долари, при што е најавен и новиот автоматски и динамичен механизам за утврдување на идните ограничување на цената на енергентот.
– Новиот механизам гарантира дека ограничувањето е секогаш 15 отсто пониско од просечната пазарна цена на уралската нафта во претходниот референтен период од 22 недели – се додава во соопштението.
Според ЕК, ограничувањето на руските приходи од енергентите постојано било и ќе остане врвен приоритет за ЕУ, со цел ослабување на способноста на Москва да ја води својата илегална воена агресија во Украина.
– Ограничувањето на цените ќе биде предмет на редовна ревизија на секои шест месеци од страна на Комисијата иако вонредни ревизии се можни кога тоа е соодветно оправдано со развојот на настаните на пазарите на нафта или други непредвидени околности. Комисијата е во редовен контакт со земјите членки на ЕУ, како и со меѓународните партнери, за да обезбеди тесна координација на мерките – нагласи ЕК.
Г7 во 2022 година ја создаде коалицијата за ограничување на цените на нафтата и воспостави механизам за ограничување на цените на руската нафта и нафтените деривати што се транспортираат по море.
Врз основа на ова на компании од ЕУ им е дозволено да обезбедуваат поморски транспорт и други услуги за руската нафта и нафтените деривати, само ако тие се продаваат на ниво или под соодветните ценовни ограничувања.
– Овој механизам е специјално дизајниран да изврши дополнителен притисок врз приходите од нафта на Русија, а воедно да ги одржува глобалните енергетски пазари стабилни преку континуирано снабдување – додава Комисијата.
МИА
Ново на Сител
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
-

Измамена 54-годишна жена - и ветиле стан во Скопје и работа за нејзината ќерка како цариник
-

Тепачка на скопскиот аеродром
-

Приведено лице од кумановско, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник
-

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307
-

Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи
-

Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
